Донирани 36 компјутери за училиштата во Охрид

Донирани 36 компјутери за училиштата во Охрид

Охрид, 13. ноември 2020 (ИНПРЕС) – Врз основа на Одлуката на Владата, за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на општина Охрид, Универзитетот „Св.Апостол Павле“, донира триесет и шест компјутери за училиштата во Охрид.

Компјутерите ќе бидат подеднакво распределени во ОУ “Григор Прличев“ и во средните училишта, „Св.Климент Охридски“, „Св. Наум Охридски“ и средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид