Левица: Во Охрид постојано никнуваат нови дивоградби

Левица: Во Охрид постојано никнуваат нови дивоградби

Охрид, 16. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве, по бурната реакција на жителите на Трпејца, беше обелоденета уште една дивоградба, овој пат во Националниот парк „Галичица“, реагираат од Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид.

-Според локалното население, сопственикот на дивоградбата е вработен во Националниот парк „Галичица“. Во нивната реакција беше кажано дека ним им се рушеле обични ѕидчиња, а за оваа дивоградба никој не реагира.  Неколку прашања до градоначалникот Константин Георгиевски и до локалната самоуправа во Општина Охрид: -Доколку е точно тврдењето на жителите на Трепејца, кој е тој вработен во Националниот парк „Галичица“, кој го штити и од каде му е храброста да гради во заштитен појас на НП „Галичица“? -Зошто наместо да ги спроведувате препораките на УНЕСКО за рушење на дивоградбите, вам секојдневно ви никнуваат нови дивоградби? -Дали вие како татко на градот, имате воопшто способност да се справите со урбаната мафија и конечно да постапите по препораките на UNESCO? -Дали во Охрид постои градежна инспекција? Ако постои, зошто не функционира? Можеби поради страв од политичката елита и урбаната мафија, или поради корупција, која ја волја на вистината, длабоко е навлезена во секоја пора на нашето општество? -Дали на градежните инспектори поморален чин им е молчењето, за кое најверојатно се платени од некого, или да си ја работат работата за која ги плаќа народот? – стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: Левица фото: архива