Во септември во Охрид биле издадени две одобренија за градба

Во септември во Охрид биле издадени две одобренија за градба

Охрид, 17. ноември 2020 (ИНПРЕС) – Во месец септември во Охрид биле издадени две одобренија за градба, објави од Државниот завод за статистика.

Одобренијата се издадени на физичко лице и деловен субјект. Предвидена е изградба на 6 станови со вкупна корисна површина од 399 м².

Во анализираниот период, во општините Струга и Дебрца нема издадено одобренија за градба.

На ниво на Македонија, во септември 2020 година се издадени 248 одобренија за градење. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 139 се наменети за објекти од високоградба, 33 за објекти од нискоградба и 76 за објекти за реконструкција. На 161 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 87 објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 557 станови, со вкупна корисна површина од 45 427 м². (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива