Изминатите 24 часа нема казнети лица од Охрид за неносење маски

Изминатите 24 часа нема казнети лица од Охрид за неносење маски

Охрид, 18. ноември 2020 (ИНПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 43 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Струга 23, Кичево 7 и Дебар 13).

-Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 63 контроли врз угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива