Кривична пријава за лице од селото Требош кое овозможувало користење дрога пред ноќен клуб во Охрид на друго лице

Кривична пријава за лице од селото Требош кое овозможувало користење дрога пред ноќен клуб во Охрид на друго лице

Охрид, 18. ноември 2020 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид, поднесе кривична пријава против 33-годишниот М.Џ. од селото Требош, општина Желино.

-Тој, во близина на ноќен клуб во Охрид, во неговото патничко возило, бил затекнат од полициските службеници како на А.А. од Тетово му овозможува користење кокаин. При преглед, кај пријавениот се пронајдени и одземени кокаин и марихуана, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива