Кривична за лице од струшко Велешта поради „изнуда“

Кривична за лице од струшко Велешта поради „изнуда“

Струга, 18. ноември 2020 (ИНПРЕС) – ОВР Струга до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 39-годишниот Б.Н. од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

-Тој, на 10-ти октомври 2020 година во Струга, пресретнал 59-годишен жител на селото Франгово и упатувајќи закани, побарал да му го исплати наводниот паричен долг од неговиот син во износ од 20.000 швајцарски франци, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива