Промовиран документарниот филм „Охридските пливачки легенди“ на Љупчо Паункоски

Промовиран документарниот филм „Охридските пливачки легенди“ на Љупчо Паункоски

Охрид, 19. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Александар Леко Радич, Нико Нестор, Климе Савин, Дики и Атина Бојаџи се само дел од пливачките легенди, на кои авторот Љупчо Паункоски им оддаде должна почит со документарниот филм „Охридските пливачки легенди“.

Промоцијата се одржа синоќа во Големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18:00 часот.

Љупчо Паункоски е вљубеник во фотографијата, но преку својата камера остава и видео-сведоштва за Охрид, родната Малесија и за луѓе од градот кои оставиле свој печат. По професија е електротехничар кој својот занает несебично им го пренесувал на своите ученици.

Со одобрение од авторот, погледнете го документарецот на OhridPress.

извор: ИнПрес фото: архива