Вевчанец физички нападнал лице од Струга поради паричен долг

Вевчанец физички нападнал лице од Струга поради паричен долг

Струга, 19. ноември 2020 (ИНПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 36-годишниот Д.Г. од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „изнуда“.

-Пријавениот, на 23-ти октомври 2020 година во Струга, физички го нападнал 42-годишниот А.Т. од Струга, барајќи да му го врати наводниот паричен долг од пет илјади евра, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива