Скопје, 19. ноември 2020 (ИНПРЕС) – Советот за безбедност донесе заклучок да и предложи на Владата прогласување кризна состојба на територијата на цела Република Македонија, во траење од 30 дена.
Ова го сосопшти претседателот Стево Пендароски по состанокот, на кој било потенцирани дека состојбата со вирусот COVID -19 кај нас е ислкучително сериозна, како и секаде во светот.
– Ние и во моментов имаме прогласена кризна состојба на северната и јужната граница, во врска со илегалните преминувања на мигранти и бегалци. Tаму полицијата и војската работат заедно. Сега тоа ќе биде овозможено на цела територија на земјата. Инаку армијата од неодамна дава помош во лимитиран обем, но со кризна состојба ќе се дадат поголеми можности. Втората важна разлика е што Владата ќе може да управува со ресурсите на државна управа, јавните претпријатија,општините и градот Скопје, вклучувајќи ги и трговските друштва во овој случај приватните здравствени установи. Тоа нема да значи национализиација, или менување на сопственост, туку евентуално за управување со нив во битката со вирусот, истакна Пендаровски.
Тој потенцира дека воведувањето на кризна состојба нема никаква врска со полициски час и евентуално воведување на рестрикции во движењето, тоа е во надлежност на Комисијата за заразни болести, Централниот кризен штаб и Владата.
Претседателот Пендаровски очекува Владата многу брзо да прогласи кризна состојба во државата. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива