Заев: Најдоцна до утревечер Владата ќе одржи седница на која ќе прогласи кризна состојба

Заев: Најдоцна до утревечер Владата ќе одржи седница на која ќе прогласи кризна состојба

Скопје, 19. ноември 2020 (ИНПРЕС) – Премиерот Зоран Заев информира дека најдоцна до утревечер Владата ќе одржи седница на која ќе биде прогласена кризна состојба на територијата не цела држава.

– Управувачкиот комитет треба во најбрз рок да предложи на Владата прогласување кризна состојба. Најдоцна утревечер ќе ја одржиме седницата на Владата. Ако бидат подготвени сите институции, во делот на правно-формалниот аспект, ние сме подготвени вечерва тоа да го направиме, но најдоцна утревечер сум убеден дека ќе стигнеме да прогласиме 30 дена кризна состојба, рече Заев.

Премиеот Заев не ја исклучи можноста од воведување полициски час, но сега тоа не се разгледувало. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива