Водостојот на Охридското Езеро опадна под минимално дозволеното ниво

Водостојот на Охридското Езеро опадна под минимално дозволеното ниво

Охрид, 20. ноември 2020 (ИНПРЕС) – И понатаму опаѓа нивото на Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,09 м.н.в, што е за еден сантиметар под минимално дозволеното ниво, а 17 под просекот за овој месец, (693,26 м.н.в).

Температурата на езерската вода, измерена утрово во 07:30 часот е 12. степени, што е за 0,8 степени пониска од просекот за овој период од годината.

Од почетокот на ноември езерскиот водостој беше на кота од 693,12 м.н.в, од 10-ти порасна за еден сантиметар, а на 18-ти го достигна дозволениот минимум.

Во 2017 година езерското ниво се соочуваше со ваква слична состојба на низок водостој, за во 2018 година состојбата да биде дијаметрално спротивна, водостојот на езерото беше драстично повисок од дозволениот максиум (693,75 м.н.в.) кога достигна ниво и од 694,03 м.н.в.

Според најавите на метеоролозоте до крајот на месецов не очекува претежно сончево и стабилно време, без дожд, па се очекува водостојот да продолжи да опаѓа. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР