Апел до граѓаните да ги заштитат водомерите од мрзнење

Апел до граѓаните да ги заштитат водомерите од мрзнење

Охрид, 20. ноември 2020 (ИНПРЕС) – Од охридски „Водовод“ апелираат до граѓаните да ги заштитат водомерите во своите домови.

Поради  ниските температури постои можност за разни дефекти на водомерните броила предизвикани од мрзнење, велат од ЈП Водовод – Охрид.

– Затоа потребно е истите да се заштитат како би се избегнале  дополнителни трошоци за санација кои се наплаќаат од наша страна. Заштитата се врши со обвивање на водомерот со изолационен покров и покривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропор), велат од ЈП Водовод – Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива