ГФК Охрид Лихнидос ја совлада Дрита со 5-0

ГФК Охрид Лихнидос ја совлада Дрита со 5-0

Охрид, 23. ноември 2020 (ИНПРЕС) – Нова победа за фудбалерите на Охрид Лихнидос во Втората македонска фудбалска лига.

На домашен терен со високи 5-0 ја „преслушаа“ екипата на Дрита. Стрелци на головите беа Бурхан Алији, Александар Ѓоргиески, Шериф Реџепи и два постигна Александар Целелски.

Со оваа победа „рибарите“ скокнаа две места на табелата и сега се четврти со 19 бодови. Веќе во среда ги очекува уште еден натпревар кога гостуваат на екипата на Скопје. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива