ВМРО-ДПМНЕ: Власта мора да понесе одговорност за алармантното ниво на езерото

ВМРО-ДПМНЕ: Власта мора да понесе одговорност за алармантното ниво на езерото

Охрид, 23. ноември 2020 (ИНПРЕС) – Охридското Езеро е пред еколошка катастрофа поради расипничкото однесување на власта на СДСМ. Водостојот на езерото се наоѓа на 693,09 метри надморска височина што е за 8 см под природниот минимум и 1 см под дозволениот минимум, порача на денешната прес конференција Александар Здравевски, претседател на УМС при ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

-СДСМ и пратеничката Жаклина Лазаревска токму од ова место тврдеа дека ако се власт, веднаш би реагирале за нивото на езерото, но еве гледаме дека молчат. Слика имаат, тон немаат исто како оваа картонска макета со која ја потсетуваме пратеничката Лазаревска што вети и излажа како и за сè друго досега. Зошто власта дозволува зголемено испуштање на вода во реката Црн Дрим? Зарем не мислат со ЕЛЕМ да престанат да го злоупотребуваат езерото за производство на електрична енергија? Зборот не е збор затоа што власта не презема соодветни мерки преку кои ќе се спречи понатамошното влошување на состојбата во Охридското Езеро. Власта и градоначалникот Георгиески никако да најдат начин да стават крај на опустошувањето на езерото кое е заштитено од УНЕСКО. Доколку власта и Лазаревска не преземат мерки за заштита, тогаш ќе се потврди дека наместо да спречат тие помагаат во уништувањето на езерото. Власта на СДСМ мора да понесе одговорност за ваквата драматична состојба во која се наоѓа езерото, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива