Охрид, 23. ноември 2020 (ИНПРЕС) – Охридските ракометари со победа го стартуваа вториот круг во А групата од Супер лигата.
Во осмото коло на домашен терен беа подообри од Голден Арт КЛ 7, совладувајќи ги со 27-24. Најефикасни во нашиот состав беа Мартин Манасков, Бобан Блажески, Иван Тасески и Филип Кривокапиќ.
ГРК Охрид досега има максимален учинок, седум победи во исто толку натрпревари. Во деветтата рунда „гладијаторите“ се слободни, а следен натпревар им е в сабота во гости кај Радовиш. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ГРК Охрид