Марихуана пронајдена во возило на жител на струшко Велешта

Марихуана пронајдена во возило на жител на струшко Велешта

Струга, 25. ноември 2020 (ИНПРЕС) – На 24-ти ноември 2020 година, околу 14:00 часот, на патот Струга-Дебар, во близина на браната „Глобочица“, сопрен е патнички автомобил „Голф“ со струшки регистарски ознаки, управуван од страна на 26-годишниот П.И. од струшкото село Велешта.

-При преглед во возилото, полициските службеници пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана. Возачот на возилото како и сопатникот, 37-годишниот М.А. од струшкото село Долно Татеши, се приведени и по целосно документирање, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива