https://scontent.fskp1-1.fna.fbcdn.net/v/t31.0-8/13119979_993017480767284_6937587767645807712_o.jpg?_nc_cat=108&ccb=2&_nc_sid=e3f864&_nc_ohc=vMfU6YpnPaYAX8Oa0Ny&_nc_ht=scontent.fskp1-1.fna&oh=81d4563e563fcfbba69a4a5d47d77dee&oe=5FE220CB

Бројни награди за ученици од ОМУ „Методи Патчев“ на два интернационални натпревари

Охрид, 25. ноември 2020 (ИНПРЕС) – Учениците од ОМУ „Методи Патчев“ и оваа учебна година ја започнаа со врвни резултати и бројни награди.

На осмиот интернационален натпревар „Охрид те сакам”, што се одржа на 21-ви и 22-ти ноември, Ана Матеска на флејта освои прва специјална награда, Ива Чанова и Леона Неделкоска исто така на флејта, сите во класата на професорката Нина Момировска.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Виктор Србиноски – виолина, ученик во класата на професорката Елица Рашкова освои прва награда, додека Павел Стоев, ученик во класата на професорот Кирил Белистојаноски, исто така на виолина, освои втора награда.

На интернационалниот натпревар „Охридски бисери“, Владимир Србиноски на пијано, ученик во класата на професор Даниел Чуркоски, ја освои втората награда. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива