Охриѓани можат да се вклучат во креирањето на општинскиот буџет за 2021 година

Охриѓани можат да се вклучат во креирањето на општинскиот буџет за 2021 година

Охрид, 26. ноември 2020 (ИНПРЕС) – И охриѓани можат да се вклучат во креирањето на општинскиот буџет за 2021 година, преку дигитална алатка, што годинава првпат се имплементира.

Со цел да се креираат соодветни проекти кои ќе се финансираат од општинскиот буџет за 2021 година, општина Охрид веќе десетина дена преку соодветна дигитална алатка поставена на општинската веб страница „Вклучи се-Граѓански буџет“ прибира идеи и предлози за решавање на приортитетни потреби и проблеми на граѓаните.
Со ова се овозможува граѓаните, невладиниот сектор, деловниот сектор и другите чинители во локалната заедница на едноставен начин да се вклучат во давање на предлози при креирање на програмите и општинскиот буџет за наредната, 2021 година.

Потребно е да се пополни дигитален прашалник при што се селектира урбана и месна заедница, се впишуваат контакт информации, се избира област и се впишува краток опис на предлог идејата.

Во оваа насока во текот на претходниот период, општина Охрид организираше средби со граѓаните од урбаните и месните заедници, а во текот на наредниот период ќе биде организирана Јавна расправа за Предлог програмите и Предлог буџетот за 2021 година. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива