Охрид, 27. ноември 2020 (ИНПРЕС) – Денес ќе бидат промовирани проектните активности од проектот „Cross4all“ кој го имплементира Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид.
Се работи за презентација на Пилот- програмата за воведување на мултидисциплинарни тимови на здравствени експерти, соодветно обучени и опремени со иновативни мобилни комплети, со цел да можат да испорачаат голем дел од нивните услуги во домовите на лица со попреченост и/или намалена мобилност, а посебен акцент ќе биде ставен на домашните посети, медицински и психолошки прегледи на пациенти позитивни на COVID-19. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива