Непознат сторител оштетил возило на Здравствениот Дом од Вевчани

Непознат сторител оштетил возило на Здравствениот Дом од Вевчани

Вевчани, 27. ноември 2020 (ИНПРЕС) – На 26-ти ноември 2020 година, во 16:30 часот, во полициското одделение Велешта, пријавено е оштетување на моторно возило на Итната медицинска помош, марка „Лада“, сопственост на Здравствениот Дом од Вевчани.

-Според пријавата, засега непознат сторител скршил три бочни и предно ветробранско стакло од медицинското возило, кое било на паркинг простор пред Здравствениот Дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива