Целосно осветлен училишниот двор во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец (Фото)

Целосно осветлен училишниот двор во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец (Фото)

Охрид, 27. ноември 2020 (ИНПРЕС) – Училиштето „Ванчо Николески“ во Лескоец за првпат е целосно надворешно осветлено, со најнова лед технологија.

Светлата се штедливи, долготрајни и потполно безопасни, посебно затоа што во прашање се деца. Осветлувањето на училиштето е донација од Лајонс клубот „Лихнидос“ од Охрид.

Image may contain: night, sky, house, tree and outdoor

Image may contain: one or more people, night, tree, sky, outdoor and nature

Image may contain: tree, night, sky, house, plant, table, outdoor and nature

Image may contain: tree, sky, night and outdoor

-Со осветлувањето е опфатен главниот влез, предната страна од двете крила на зградата, училишното игралиште со реквизити, како и задниот дел од училиштето. Со оваа акција освен што училиштето доби нов естетски изглед во вечерните часови, значително се подобрија условите за безбеден престој на учениците, како и за зачувување на реквизитите што во доцните часови се предмет на уништување. Соработката со ЛК Лихнидос постои веќе неколку години и е на високо ниво, а ова не е нивниот прв хуман гест. Сигурна сум дека и во иднина ќе имаме други заеднички активности, сѐ со цел подобрување на условите во нашето училиште, истакна директорката на училиштето Елена Ел Нади. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива