Пожар на телекомуникациски ормар на телекомуникациски оператор кај „Алтанин Мост“

Пожар на телекомуникациски ормар на телекомуникациски оператор кај „Алтанин Мост“

Охрид, 30. ноември 2020 (ИНПРЕС) – На 28-ми ноември 2020 година, во 16:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека во атарот на охридското село Орман, кај месноста „Алтанин Мост“, избил пожар на телекомуникациски ормар на еден телекомуникациски оператор.

-Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид, а по овластување на Јавен обвинител и во присуство на вешти лица, полициски екипи извршија увид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива