ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот Георгиески да издаде налог до ЈП „Охридски Комуналец“ да го исчисти теренот каде се насипува земја и шут во езерото во населбата „Далјан“

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот Георгиески да издаде налог до ЈП „Охридски Комуналец“ да го исчисти теренот каде се насипува земја и шут во езерото во населбата „Далјан“

Охрид, 30. ноември 2020 (ИНПРЕС) – Градоначалникот Константин Георгиески да престане да ја потценува интелигенцијата на охриѓани и веднаш преку комуналниот инспектор да издаде налог до ЈП „Охридски Комуналец“ да пристапи кон чистање на теренот каде што се насипува земја и шут во Охридското Езеро, во населбата „Далјан“ со оглед на тоа што е неспособен да го најде сторителот, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

-Не смее Георгиески да остава ваквите работи да си течат, негова обврска е да си ја заврши работата и да поднесе кривична пријава до институциите против непознат сторител за отакако ќе се открие сторителот да се надополни штетата. Георгиески да одговори дали е дивоградба спратот изграден на кровот од зградата во близина на Градскиот пазар, како што можевме да видиме од фотографиите на социјалните медиуми? Доколку е тоа така ВМРО-ДПМНЕ ќе поденесе соодветна кривична пријава до надлежните институции, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива