Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот

Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот

Скопје/Охрид, 30. ноември 2020 (ИНПРЕС) – Од ноќеска на полноќ ново поскапување на цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цените на бензините ќе се зголемат по еден денар, додека цената на дизелот и Екстра лесно масло за домаќинство ќе се зголемат за денар и половина.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,020ден/кг и ќе изнесува 28,501ден/кг.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 60,50 денари/литар
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 62,50 денари/литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 53 денари/литар
  • Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 53 денари/литар

Овие цени ќе важат во наредните седум дена. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива