Водостојот на Охридското Езеро падна на три сантиметри под минимално дозволеното ниво

Водостојот на Охридското Езеро падна на три сантиметри под минимално дозволеното ниво

Охрид, 30. ноември 2020 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро и понатаму паѓа под минимално дозволеното ниво, сега е на три сантиметри.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,07 м.н.в, што е за 19 сантиметри под просекот за овој месец, (693,26 м.н.в).
Температурата на езерската вода, измерена утрово во 07:30 часот е 12 степени, што е за 0,8 степени пониска од просекот за овој период од годината.

Од почетокот на ноември езерскиот водостој беше на кота од 693,12 м.н.в, од 10-ти порасна за еден сантиметар, на 17-ти го достигна дозволениот минимум, 693,10 м.н.в.

Состојбата ќе изгледа уште поалармантна земјаќи во предвид дека декемвриското просечно ниво на езерото е 693,32 метри, па ако остане на денешната кота, веќе утре ќе 25 сантиметри под месечниот просек.

Долгиот сушен период се посочува како главен „виновник“ за ваквата состојба. Во насока на заштита на животната средина и биодиверзитетот согласно обврските од водостопанските дозволи, властите одлучија привремено да се запре со производство на електрична енергија од хидропотенцијалите. Но, доколку ги нема врнежите од дожд ни ова нема многу да помогне. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР