Охрид со негативен прираст и во третиот квартал од 2020 година

Охрид со негативен прираст и во третиот квартал од 2020 година

Во третиот квартал од оваа година регистрирани се 114 новороденчиња, а бројката на починати лица е 147, со што природниот прираст за Охрид е -33. Во третото тромесечје од годинава и покрај пандемијата со COVID-19, евидентирани биле 139 бракови и 31 развод.

И општина Дебрца во овој период има негативен прираст. Се родиле 4 новороденчиња, а починале 12 лица, со што природниот прираст е -8. В0 анализираниот период биле склучени 3 бракови, а имало и еден развод.

Соседна Струга исто така евидентира негативен прираст. Се родиле 144 бебиња, а починале 169 лица, од кои едно новороденче. Со тоа Струга има природен прираст од -25. Регистрирани се 151 брак и 9 разводи.

На ниво на Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2020 година изнесува 5 141 живородени деца. Бројот на умрените лица бележи зголемување од 15.3 % во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 5 419 лицa, а од нив 23 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, -278 лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 12.9 % во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 3 768 бракови. Во ова тримесечје се добиени 357 извештаи за разведени бракови што претставува зголемување од 8.5 % во споредба со истото тримесечје од 2019 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива