ВМРО-ДПМНЕ вечерва организира нов протест во Охрид

ВМРО-ДПМНЕ вечерва организира нов протест во Охрид

Охрид, 2. декември 2020 (ИНПРЕС) – Под слоганот „Оставка на Заев, слобода на народот“, ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Охрид и уште 14 други градови во државата продолжува со протестите „за одбрана на честа и достоинството на македоската држава и македонскиот народ“.

-Нема да дозволиме понижување и распродажба на државните и национални интереси, и токму затоа сите заедно сплотени, во масовен број ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на 02.12.2020 година во 15:00 часот да се приклучат на блокадите пред Владата на Република Македонија и Министерството за надворешни работи, а протести ќе се оддржат и во 15 градови ширум државата, со почеток од 18:00 часот. Време е граѓаните на Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид да се обединат против злото наречено Зоран Заев и СДСМ. Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот – порачуваат од партијата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ВМРО-ДПМНЕ