Полицијата пронајде марихуана кај две лица од Струга

Полицијата пронајде марихуана кај две лица од Струга

Струга, 4. декември 2020 (ИНПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 22-годишниот М.В. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против 22-годишниот З.А. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „oвозможување на употреба на наркотични дроги“.

-На 2-ри април 2020 година, на улицата „ЈНА“ во Струга, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило, во кое биле двајцата пријавени, при што пронашле и одзеле марихуана, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива