ВМРО-ДПМНЕ вечерва организира нов протест во Охрид и Струга

ВМРО-ДПМНЕ вечерва организира нов протест во Охрид и Струга

Охрид, 4. декември 2020 (ИНПРЕС) – Под слоганот „Оставка на Заев, слобода на народот“, ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Охрид, Струга и уште 18 други градови во државата продолжува со протестите „за одбрана на честа и достоинството на македонската држава и македонскиот народ“.

-Протестираме затоа што Заев ќе ја менува историјата во учебниците, за договарањето на заедничка историја со источниот сосед и тргувањето со историски личности. Протестираме затоа што договор со Бугарија има, но се’ уште македонските граѓани не ја знаат цената која треба да ја платат. Денес во Скопје ќе се постават блокади пред Владата на Република Македонија, пред Министерството за надворешни работи и пред Министерството за правда од 16:00 до 17:00 часот. Денешните надпартиски протести за оставка на Заев, слобода на народот ќе се одвиваат во дваесет градови низ Македонија и тоа: Куманово, Тетово, Крива Паланка, Македонска Каменица, Пробиштип, Свети Николе, Велес, Делчево, Кочани, Виница, Пехчево, Берово, Босилово, Неготино, Кавадарци, Кичево, Струга, Охрид, Ресен и Битола. Ги повикуваме сите граѓани да протестираме сега и да се спротивставиме на негаторските политики на оваа власт, пред да биде предоцна – порачуваат од партијата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ВМРО-ДПМНЕ