Божиновски: Главен проблем за дивоградбите во Охрид е токму Георгиески, синоним за селективност, сервилност, за политички пазар

Божиновски: Главен проблем за дивоградбите во Охрид е токму Георгиески, синоним за селективност, сервилност, за политички пазар

Охрид, 7. декември 2020 (ИНПРЕС) – Од справувањето со дивоградбите остана само евтин театар на власта предводена од СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески, порача на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

-За жал воопшто нема искрени намери за справување со нелегалните градби, и по сите најави за конечно функционирање на правото. Во најпоследниот скандал кровот на зграда во близина на градскиот пазар станува нов спрат. Зошто Георгиески молчи и не одговара дали е дивоградба спратот изграден на кровот од зградата? Дали Георгиески прикрива дека овој скандал води до актуелна советничка во Советот на општина Охрид од владејачкото мнозинство? Георгиески да постапи по законите и да ја сруши дивоградбата. Крајно време е Герогиески да започне да ја спроведува политиката на нетолеранција кон сѐ што е нелегално. На средбата со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски зарем не разговараа за дивоградбите и за препораките на УНЕСКО? Можеме да заклучиме дега главен проблем за дивоградбите е токму Георгиески, синоним за селективност, сервилност, за политички пазар. Георгиески оди спротивно препораките на УНЕСКО, а со тоа се повеќе го загрозува статусот на Охрид во УНЕСКО, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ВМРО-ДПМНЕ