Тешка сообраќајна незгода на патот Подмоље-Охрид, повредени четири лица

Тешка сообраќајна незгода на патот Подмоље-Охрид, повредени четири лица

Охрид, 9. декември 2020 (ИНПРЕС) – На 8-ми декември 2020 година, во 05:40 часот на магистралниот пат од селото Подмоље кон Охрид, во близина на бензинска пумпа се случила сообраќајна незгода во која се повредени четири лица.

-Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 33-годишниот Д.П. од Струга, патничко моторно возило „Фолксваген“ со охридски регистарски ознаки управувано од 54-годишниот Д.Љ. од Охрид и патничко моторно возило„Рено-лагуна“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот И.Л. од охридското село Оровник. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.П., а додека со повреди се здобиле Д.Љ., И.Л. и сопатникот во патничко моторно возило „Рено-лагуна“, 22-годишниот Н.Ј. од охридското село Лескоец. Сите учесници во незгодата се пренесени во болницата „Св. Еразмо“ и во Општа болница Охрид, за укажување на лекарска помош. За незгодата е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива