Започна новогодишното украсување на Охрид

Започна новогодишното украсување на Охрид

Охрид, 9. декември 2020 (ИНПРЕС) – Со поставување на реквизитите, од вчера започна новогодишното украсување на Охрид.

Годинава, иако со помалку средства, поради корона кризата, сепак градот ќе биде достојно украсен и ќе блесне во новогодишно руво.

Нема достапен опис

-Ќе се користат постоечките реквизити кои се сопственост на општината, а китењето ќе биде во централното градско подрачје и главните „улични артерии“.Годинава ѕвезденото небо ќе блесне само на плоштадот „Св. Климент Охридски“ и на улицата „Македонија“ спроти кејот каде ќе се постават и декоративни мразулци. Со мразулци годинава ќе биде накитена и чаршијата. Кружните токови на булевар „Туристичка“ и кај гимназијата „Св. Климент Охридски“ ќе бидат разубавени со новогодишни фонтани, информираат од општина Охрид.

На Градскиот плоштад веќе се поставени дрвените типизирани куќарки за потребите на Новогодишниот базар.

Поради економската криза која ја предизвика светската пандемија и со цел да им се излезе во пресрет на локалните трговци, општината донесе одлука во текот на базарот, куќарките да бидат изнајмени промотивно и без закуп.

Според планираното украсувањето на Охрид треба да заврши кон средината на месец декември. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес