Струга, 10. декември 2020 (ИНПРЕС) – На 9-ти декември 2020 година, во 21:20 часот полициски службеници од Полициска станица од Струга во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во селото Калишта, во сопственост на 36-годишниот А.Р. од Калишта.
-Надлежните органи констатирале дека работи после дозволеното работно време, определено согласно мерките за справување со коронавирусот, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива