Охрид, 12. декември 2020 (ИНПРЕС) – Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат Билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.
Податоци за периодот од 5-ти до 11-ти декември 2020 година:
– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 219 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје
– Од вкупно земените материјали, 99 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 120 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар „Мој термин“
– Од вкупно тестираните примероци во сите лаборатории во РМ во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 427 лица и тоа кај 229 лица од општина Охрид, кај 146 лица од општина Струга и кај 52 лица од општина Дебар.
– Во овој период оздравени се 221 лица од Охрид, 176 лице од Струга и 26 лица од Дебар.
– Во овој период починати се 8 лица од Охрид, 12 лица од општина Струга и 1 лице од Дебар.
– Активни случаи на 04.12.2020 година во Охрид се 576, во Струга 462, а во Дебар 157.
Од почетокот на епидемијата до 11-ти декември 2020:
-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 4270 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 1986 лица во општина Охрид и Дебрца, 1741 лица во општина Струга и Вевчани и 543 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 1399, од Струга се 1216, а од Дебар и Центар Жупа се 370 пациенти
-од општина Охрид и Дебрца има 66 починати пациенти, од општина Струга се починати 109, а од Дебар и Центар Жупа се починати 22 лица.
Коронавирусот во овој период е широко распространет, во локална трансмисија и со засилена активност. Го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19. Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:
– правилна употреба на заштитна маска
– одржување на социјално-физичка дистанца на растојание не помало од 2 метри
– избегнување на јавни собири и групирања и сведување на бројот на контакти на минимум
– често миење/дезинфекција на рацете
Бидете одговорни, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје. (Крај)
извор: ЦЈЗ Охрид фото: ИнПрес