Лице од Албанија, барано од Интерпол приведено на „Ќафасан“

Лице од Албанија, барано од Интерпол приведено на „Ќафасан“

Струга, 14. декември 2020 (ИНПРЕС) – На 13-ти декември 2020 година, од полициски службеници од Полициска станица „Ќафасан“ бил лишен од слобода 43-годишниот П.М. од Република Албанија.

-Истиот се барал по потерница од Интерпол Норвешка поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицето е задржано во Полициска станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива