Лице од Албанија, барано од Интерпол приведено на „Ќафасан“

Лице од Албанија, барано од Интерпол приведено на „Ќафасан“

Струга, 17. декември 2020 (ИНПРЕС) – На 16-ти декември 2020 година, во 10:30 часот на Граничниот премин „Ќафасан“ кај Струга, полициски службеници го лишиле од слобода и привеле 50-годишниот А.К. од Република Албанија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓал во оперативната евиденција со мерка „апси“ по барање на Интерпол од Холандија.

-Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива