Д-р Балески: На почеток на јануари се очекува да почне поставувањето на модуларната болница во Охрид

Д-р Балески: На почеток на јануари се очекува да почне поставувањето на модуларната болница во Охрид

Охрид, 21. декември 2020 (Inpress) – Во првите денови на јануари, според најавите, се очкува да започне поставувањето на модуларната болница во Охрид, за зголемување на капацитетите за згрижување на пациенти со COVID-19.

Првиот човек на Општата болница д-р Горан Балески за Супер радио и OhridPress информира дека јавните претпријатија ги реализраат задачите кои им се доверени, а работите на терен одат според планот.

– Веќе е извршен земјен ископ, а заврши тампонирањето и бетонирањето на подлогата. Охридските јавни претпријатија ќе продолжат со својата работа, а според најавите во првите денови од јануари следната година болницата треба да почне да се сколопува, односно монтира, вели д-р Балески.

Како локација е избран просторот позади одделението за геријатрија. Ќе бидат поставени два монтажни објекти со целокупна опрема и капацитет од 40-на легла.

Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 70 пациенти

Што се однесува до состојбата со коронавирусот во градов, директорот д-р Балески вели дека за среќа почна да паѓа бројот на хоспитализирани пациенти. Моментално во болнички услови се лекуваат 80 лица, а има слободни над 30-на кревети. Тој апелира на совесно и одговорно однесување на граѓаните и почитување на мерките во пресрет на новогодишните и божикните празници, како би го заштитиле сопственото и здравјето на најблиските, а со тоа би помогнале и на здравствените работници, кои веќе девет месеци го носат товарот на пандемијата. (Крај)

извор: Inpress фото: Inpress