Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 70 пациенти

Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 70 пациенти

Скопје/Охрид, 21. декември 2020 (Inpress) – Во текот на изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 700 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот, додека другите 497 се во Скопје.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот, кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава, е 1.197 и има околу 280 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 700 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот, додека другите 497 се во Скопје.

Според извештаите од болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 56 пациенти, во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и сомнителни на COVID-19.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 88 во ковид-центарот во Гостивар 54, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 79 пациенти, во Кочани 21, во Кичево 20, Кавадарци 50, во Гевгелија 14 лица, а во Дебар 5 позитивни и сомнителни на коронавирусот. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Inpress