Охрид, 21. декември 2020 (Inpress) – Водостојот на Охридското Езеро веќе пет дена е на еден сантиметар под минимално дозволеното ниво.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693.09 м.н.в што е за 23 сантиметри под месечниот просек (693,32 м.н.в). За десет дена езерското ниво пораснало за два сантиметри, но сепак тоа не е доволно за да се каже дека состојбата е подобрена.
Температурата на езерската вода, измерена утрово во 07:30 часот е 8 степени, што е за 1,2 степени поладна од просекот за овој период од годината.
Долгиот сушен период се посочува како главен „виновник“ за ваквата состојба. Во насока на заштита на животната средина и биодиверзитетот согласно обврските од водостопанските дозволи, властите одлучија привремено да се запре со производство на електрична енергија од хидропотенцијалите. (Крај)
извор: Inpress фото: Inpress/УХМР