Нуредини: Планот за заштита на Преспанското Eзеро е готов, Владата треба да го одобри

Нуредини: Планот за заштита на Преспанското Eзеро е готов, Владата треба да го одобри

Скопје, 22. декември 2020 (ИНПРЕС) – Изработен е итен акциски план за заштита на Преспанското Eзеро кој е придружен и со финансиска конструкција. Планот е во владина процедура за усвојување, информира министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Тој се надева дека активностите од овој план ќе почнат наскоро да се спроведуваат.

– Планот е во владина процедура за усвојување, а сите документи се достапни на јавноста на нашата веб страница на интернет – рече Нуредини.

Охрид SOS: Поднесена петицијата за спас

Според него, за спречување на трендот на сушење на езерото, потребна е и соработка и со Албанија и со Грција

-Централната и локалната власт заедно со експертите, надворешни експерти се занимава со ова прашање од почетокот на годината и тоа на национално и меѓународно ниво. Имав и директни средби, а и телефонски разговори со ресорните министри, со високи претставници на Албанија и Грција со цел за започнување на работата на трилатералниот Преспа парк, комитети на работните групи – нагласи Нуредини.

Тој, како што рече се надева, дека имплементацијата ќе започне што е можно побрзо.

– Се надевам дека ќе успееме да ги намалиме антропогените притисоци врз оваа клучна жешка точка на биодиверзитетот која што ги трпи последиците од климатските промени од природните циклуси и осцилации, но и често од неодговорното однесување на човекот кон природата – рече министерот за животна средина и проторно планирање. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива