До крај на февруари паркирањето во премиум зоната ќе биде 30 денари, угостителите задоволни

До крај на февруари паркирањето во премиум зоната ќе биде 30 денари, угостителите задоволни

Охрид, 23. декември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Намалената цена за паркирање во премиум зоната во централното градско подрачје во Охрид ќе продолжи до крајот на февруари идната година.

Кон средината на ноември со одлука на Управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“, а по поднесеното барање од Здружението на угостители „Охридски еснаф“ за промена на тарифата поради моменталната ситуација со COVID- 19 и последиците и загубите кои секојдневно ги генерираат угостителите, цената за еден час паркирање беше намалена на 30 денари.

Одлуката беше со важност до 25-ти декември. Директорката на ЈП „Билјанини извори“ Гордана Јованоска, за Супер радио и OhridPress информира дека истата на седница на управниот одбор на претпријатието ќе биде продолжена до крајот на февруари. Додава дека угостителите се задоволни од досегашното спроведување на мерката.

Како премиум зона е утврден просторот на улица „Македонски Просветители” од пресекот со улица „Партизанска” до потегот на кружниот тек на плоштадот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес