Гужви пред банките, помошта од 6.000 денари може да се подигне и во готовина

Гужви пред банките, помошта од 6.000 денари може да се подигне и во готовина

Охрид, 23. декември 2020 (ИНПРЕС) – Во тек е исплатата на еднократната финансиска помош 6.000 денари за граѓаните кои ги исполнија условите од четвртиот сет мерки.

Помошта првично беше наменета за купување македонски производи и тоа само за плаќање со картичка, но ваквата одлука е променета, па граѓаните сега парите може да си ги подигнат и во готовина, а со нив да купуваат и други производи што не се домашни или да плаќаат за други услуги.

Ова предизвика гужви пред банките и турканици пред банкоматите.  Некои трпеливо чекаат во редот, но има и такви кои негодуваат и не ги почитуваат насокоте на редарите за држење на задолжителната дистанца. За промената на одлуката граѓаните коментираат дека добро ќе им дојде тоа што парите ќе може да ги искористат и во други цели, да платат некоја сметка…

Нема достапен опис

Еднократната помош се однесува на граѓаните со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

– Средствата се уплатени на трансакциските сметки на граѓаните во комерцијалните банки, додека за оние граѓани кои немаат отворено трансакциска сметка досега, оваа услуга ќе им биде овозможена од банката во која е распореден соодветниот граѓанин, а за која може да добие информација со внесување на својот ЕМБГ на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, соопштија од Владата.(Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес