Охридскиот кеј ќе добие нов лик

Охридскиот кеј ќе добие нов лик

Охрид, 23. декември 2020 (ИНПРЕС) – Езерскиот кеј во Охрид ќе добие нов изглед и ќе биде целосно реконструиран, информираат од општина Охрид.

За овој проект дел од средствата во висина од 38 милиони денари веќе се обезбедени со одлука на Влада за реконструкција и целосна обнова на кејот во Охрид.

Од секторот за урбанизам на општина Охрид највуваат дека со реконструкцијата е предвидено да се опфати должина од 992 метри квадратни на крајбрежниот дел во градската зона.

Нема достапен опис

Во рамки на реконструкцијата ќе биде изведена заштитна потпорна конструкција, а предвидено е отстранување на постоечките бекатон плочки и поставување на слој од полупропусен цемент, врз кој ќе бидат поставени гранитни плочи.

Проектот за обнова на кејот вклучува и замена на канделабрите и на клупите за седење. Целиот кеј е планиран да биде партерно и хоритикултурно уреден. Со реконструкцијата Кејот ќе добие нов и урбан лик а градот ќе добие јавни површини достојни за еден културен и туристички центар. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес