Каракачанов со нова провокација: На крајот ќе излезе дека и Исус е Македонец

Каракачанов со нова провокација: На крајот ќе излезе дека и Исус е Македонец

Скопје/Софија, 24. декември (ОХРИДПРЕС) – Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов упати нова провокација за Македонија.

Тој во изјава за државната бугарска телевизија БНТ рече дека Софија не ѝставила вето на Македонија, туку дека само оставила простор преговорите да почнат кога земјава ќе се подобрела.

Исто така, Каракачанов додаде дека на крајот ќе излезе дека Македонците постојат од времето на апостол Павле, а дека Исус Христос бил Македонец.

– Тука од југословенско време населенето се обучува да мрази, се воспитува на омраза кон Бугари, Албанци и Грци, љубов имаат само кон Белград и кон Србите. Сè друго треба да биде мразено. Ние сме за нив Татари, фашисти и окупатор. Ќе излезе дека Македонците постојат од времето на апостол Павле, а дека Исус Христос бил Македонец. Само ние Бугарите сме некакво долно племе, вели Каракачанов меѓу другото во интервјуто за ТВ БНТ. (Крај)

извор: ПлусИнфо фото: архива