Управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“ ја донесе одлуката до крај на февруари паркирањето во премиум зоната да биде 30 денари

Управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“ ја донесе одлуката до крај на февруари паркирањето во премиум зоната да биде 30 денари

Охрид, 25. декември 2020 (ИНПРЕС) – Како што објавија Супер радио и InPress пред неколку дена, до крај на февруари паркирањето во премиум зоната во центарот на Охрид ќе биде 30 денари.

Кон средината на ноември со одлука на Управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“, а по поднесеното барање од Здружението на угостители „Охридски еснаф“ за промена на тарифата поради моменталната ситуација со COVID- 19 и последиците и загубите кои секојдневно ги генерираат угостителите, цената за еден час паркирање беше намалена на 30 денари.

Вчера, со одлука на управниот одбор на претпријатието, ваквата одлука е продолжена и ќе важи до 28-ми февруари.

Како премиум зона е утврден просторот на улица „Македонски Просветители” од пресекот со улица „Партизанска” до потегот на кружниот тек на плоштадот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес