Цените на бензините и дизелот остануваат непроменети

Цените на бензините и дизелот остануваат непроменети

Скопје/Охрид, 28. декември 2020 (ИНПРЕС) – Од ноќеска на полноќ ќе се корегираат само цените на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и Мазутот М-1 НС.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) остануваат непроменети. За половина денар се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство, а 0,136 денари за килограм паѓа цената на Мазутот.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 60,50 денари/литар
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 62,50 денар/литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 53 денари/литар
  • Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 52,50 денари/литар
  • Мазут М-1 НС – 28,701 денари/килограм.

Овие цени ќе важат во следните седум дена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива