Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот

Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот

Скопје/Охрид, 11. јануари 2021 (ИНПРЕС) – Од ноќеска на полноќ повисоки цени  на бензините и дизелот.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за еден денар, додека пак за половина денар поскапуваат Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,888ден/кг.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 62 денари/литар
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 63,50 денар/литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 53,50 денари/литар
  • Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 53 денари/литар
  • Мазут М-1 НС – 29,651 денари/килограм.

Овие цени ќе важат во следните седум дена. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива