Auto Draft

Лекот „Ивермектин“ од денеска во аптеките

Скопје, 12. јануари 2021 (ИНПРЕС) – Од денеска во аптеките ќе биде достапен лекот Ивермектин кој помага во лекување на коронавирусот.

Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Љирим Шабани информираше дека лекот Ивермектин е стигнат во земјава. Токму денеска се очекува да биде достапен за продажба. Лекот се користи за лекување на заболени од COVID-19, цената ќе изнесува околу 300 денари.

Овој лек претходно ги помина сите фази во Министерството за здравство и во МАЛМЕД. Ќе се издава на рецепт од страна на матичните лекари и во болнички услови.

– Студиите покажаа дека Ивермектинот се дава на три групи граѓани и тоа, кај ризичните групи на работници, кои имаат висок ризик да заболат, потоа на луѓе, кои биле во контакт со заболен и на заболени пациенти. И кај трите групи има различни индикации, различно дозирање и затоа е потребно давањето на лекот да биде под контрола на лекар – изјави министерот за здравство, Венко Филипче минатата недела. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива