Скопје, 12. јануари 2021 (ИНПРЕС) – Од четврток, 14-ти јануари, Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во државата за македонските граѓани.
Српската премиерка Ана Брнабиќ за ова телефонски го информирала македонскиот премиер Зоран Заев.
– Со ова повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји, стои во соопштението од владината прес служба. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива