Црна Гора ги отвори границите за македонските граѓани, од утре и во Србија без ПЦР тест

Црна Гора ги отвори границите за македонските граѓани, од утре и во Србија без ПЦР тест

Скопје, 13. јануари 2021 (ИНПРЕС) – Македонските државјани од вчера може да влегуваат во Црна Гора без приложување на ПЦР тест, а од утре ова ќе важи и за преминување на српската граница.

Досега македонските државјани без Ковид тест можеа да влезат само во Албанија и Косово. Од соседните држави влезот во Бугарија е дозволен само со негативен ПЦР, а грчката граница е затворена од почетокот на пандемијата. И Турција од декемрври воведе негативен ПЦР тест не постар од 72 часа за сите странски државјани.

Република Македонија пак и натаму не бара тест при влез на граничните рпемини. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива